April 18, 2024

Повеќето јужни овошја не треба да се чуваат во фрижидер, тврди Дитлинд Ханијдер, професор по наука за храна на германскиот универзитет Анхалт. Проблемот е предизвикан од етилен гас .

Овој гас го произведуваат јаболката, поради што овошјето ставено во нивна близина побрзо ќе скапува. Овој гас го произведуваат и доматите, кои побрзо ја губат својата арома во фрижидерот. Етилен произведуваат и авокадо, круши, смокви, нектарини, сливи.

Најчувствителен зеленчук на студ се модрите патлиџани . И додека тие можат одлично да се комбинираат со домати во садовите, нивната чувствителност на етилен укажува на тоа дека тие треба да се држат подалеку од него.

Доколку се чуваат правилно, на температури од 10 до 13 степени, патлиџаните можат да останат свежи најмногу десет дена.

Мешунките не треба да се чуваат повеќе од три дена на ладно и суво место. Карфиолот уште пократок, ден или два. Ако се појават црни дамки, тие се мувла и карфиолот повеќе не може да се јаде.

Таквата мувла може да содржи дури и токсични, канцерогени состојки. Не помага дури и да ги отсечете дамките бидејќи покрај нив на цветот има и оние невидливи со голо око.

Морковите може да се чуваат во фрижидер, но треба да се отстранат од пакувањето во кое се спакувани во продавниците. Морковите заедно можат да останат во фрижидер една недела, но измиени, исчистени и чувани поединечно ќе бидат добри четири недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *