December 10, 2023

Семејството не го криеше задоволството, не само поради богатството што им го донесе кученцето, туку и поради новиот член на семејството кого го нарекоа „ловец на богатство“.

Малото куче по име Оли со своето пристигнување донесе вистинска среќа на едно семејство. И не се работи само за емотивното исполнување што го носи домашно милениче , туку тој донесе нешто друго со себе – среќа што може да се изброи, ни помалку ни повеќе, од златници.

Имено, при првата прошетка на малиот Оли, кој на улица го изнесе неговиот сопственик Адам Кларк од Блекпул, кучето ископа дури 15 златници, чија вредност беше проценета на неверојатна сума од 7.200 долари.

Инаку, кучето е купено минатиот месец и припаѓа на расата Лагото Рамањоло, позната по острото сетило за мирис и умешноста во пронаоѓање закопани работи, особено тартуфи. Семејството не го криеше задоволството, не само поради богатството што им го донесе кученцето, туку и поради новиот член на семејството кого го нарекоа „ловец на богатство“.

Кларк тврди дека тој и неговото семејство знаеле дека малиот Оли е посебен во моментот кога го погледнале.
„ Тоа беше љубов на прв поглед “, истакна тој и ги откри деталите за тоа како кученцето прво шмркало, а потоа ископало вредни монети од земја.

Ова куче е вистинско мало „богатство“ за Адам „ Буквално одевме десет минути, а потоа тој одеднаш застана и одеднаш почна да копа во земјата. Набрзо видов нешто необично. Не ми требаше долго да разберам за што се работи “, призна Кларк и изјави дека се работи за купче златни монети кои датираат од 19 век.

Адам ги однел златниците кај водечките трговци со злато во земјата, Chard’s Coin и Billion Dealer, кои ги процениле златниците на околу 7.200 долари.

„ Кученцето е навистина вистинско богатство, како што го опиша и самиот сопственик и едвај ја чека нивната следна прошетка “, заклучуваат британските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *