April 18, 2024

Никогаш не треба да дозволите теглите со ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни

Правилата на фенг шуи за уредување на домот, привлекување позитивна енергија и позитивни вибрации во куќата станаа популарни насекаде низ светот.

Покрај советите кои работи да ги внесеме во домот, како да ги средиме, има и совети со кои мора да се ослободиме од некои работи заради сопствената благосостојба.

Ви носиме листа од три предмети кои мора веднаш да ги извадите од вашиот дом!
Празни тегли со ориз, сол и шеќер. На сите ни се случува да ни ги снема залихите од најнеопходната храна, но учителите на фенг шуи велат дека никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

Скршени садови. Скршените садови носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Подобро е да се купи најевтиниот нов сет отколку да се користи скап, но оштетен комплет садови. Користењето такви садови може да влијае на кариерата или финансиите.

Стари весници. Фрлете го весникот во ѓубре веднаш штом ќе го прочитате, советуваат експертите. Ако собирате списанија или книги, чувајте ги на полици, а не на подот или во аголот од собата. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *