December 10, 2023

Членовите на групата за права на животните Animal Rebellion влегоа во луксузната стекхаус Нуср-Ет во центарот на Лондон синоќа околу 18 часот, седнаа на масите што беа резервирани претходно и повикаа да се сменаи храната, односно стековите со храна од растително потекло со цел реставрација на екосистемот на Земјата, пишува The Telegraph

Турскиот месар и готвач Нусрет Ѓокче, познат по прекарот „Солт Бае“ е сопственик на споменатиот ресторан во елитниот лондонски кварт Најтсбриџ. Ѓокче е познат во целиот свет по театарското солење на месото. Светската слава за прв пат ја стекна во јануари 2017 година и во меѓувреме стана меме. Ѓокче е сопственик на ланецот на бифтек- ресторани Нуср-Ет.

„Ваквите ресторани укажуваат на уништен систем. Додека два милиони луѓе во Британија се потпираат на донации на храна, влијателните готвачи продаваат стекови обложени со злато за повеќе од 1.000 фунти. Стековите и другото црвено месо имаат најголемо влијание врз животната средина. “ изјави 20-годишниот студент Бен Томас.

Пред неколку недели, активисти извршија слична диверзија во добро познатиот ресторан на елитниот готвач Гордон Ремзи во познатиот лондонски кварт Челзи.

Членовите на групата Animal Rebellion изјавија дека персоналот на стајк хаусот Нуср-Ет морал физички да ги отстрани демонстрантите од ресторанот и дека биле „погруби од полицијата“.

Ние сме во овој ресторан за да укажеме на нееднаквоста за време на оваа економска криза. Ние сме група ненасилни демонстранти кои исто така се залагаат за систем за храна од растително потекло. Само седевме, келнерите беа љубезни, но неколку од гостите станаа агресивни во тоа време“, рече Томас. „Една жена ме погледна додека бевме таму. Гостите ракоплескаа додека не изведуваа надвор“.

 

Полицијата била повикана во Нуср-Ет, но подоцна соопштила дека не морала да интервенира бидејќи демонстрантите го напуштиле ресторанот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *