February 23, 2024

Луиз Жан Сињор тврди дека нејзиниот живот продолжува во нејзината 11-та деценија благодарение само на една работа.

Сите оние кои мислат дека староста е време на слабост, очигледно не ја запознале Луиз Жан Сињор. Оваа добро држеча баба влегува во 11-та деценија од животот и се чини дека нема да застне.

Со своите 107 години, таа сè уште живее самостојно, танцува, оди и дише во потполност, порачувајќи му на секој поединец на планетата дека оптимизмот е она што е сржта на квалитетниот живот на секој поединец.

Луиз неодамна го прослави својот роденден во сениорски центар во Бронкс.
Имено, кога новинарката ја прашала која е тајната на нејзината долговечност , убавата госпоѓа без размислување ѝ одговорила кратко.

Во тоа никогаш шо никогаш не се омажив! – рекла бабата како од топ.
Освен самотниот живот, дел од заслугата, тврди Луиз, и должи и на генетиката, бидејќи таа е најстарата од четирите деца во семејството, додека нејзиниот помал брат и сестра имаат по 102 години.

Енергичната дама откри и дека никогаш во животот немала операција, дека има скршена само една коска и дека зема само лекови за притисок. Слухот и видот веќе не ѝ служат толку добро, но тоа не ја спречува да ужива во животните задоволства.

Според сопственото признание, таа сака да танцува, но и да пие по некоја чаша добро црвено вино од време на време, пишува порталот index.hr.

На прашањето каков совет би им давала на луѓето за долг живот, таа без многу размислување навела само три работи.
Здрава исхрана, вежбање и кревет најдоцна до 11 – заклучила Лиз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *