December 3, 2023

Имено, многу е важно денот да го завршите на здрав начин. Според нутриционистите, вечерата треба да биде лесна и полна со хранливи материи.

Најдовме токму таков рецепт за вас – вкусен, лесно сварлив и носи многу придобивки за телото, особено поради една состојка – семето чиа.

Токму тие се основата на овој оброк, одлични се за нашиот организам поради многу причини! Богати се со омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданси, протеини, но и со манган, магнезиум, фосфор и калциум. Ако до сега не станале, би требало да станат дел од вашата секојдневна исхрана.

Вечерата ќе ја подготвите за само неколку минути.

Ви треба: 4 супени лажици чиа семе, 2 банани, 250 ml вода, 250 мл млеко, една лажица мед, малку цимет
Изгмечете ги бананите со вилушка, па измешајте со сите состојки. Оставете го малку во фрижидер. Чиа семето ќе го направи своето и ќе ја „згусне“ оваа смеса.

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *