May 21, 2024

Колач во кој ќе се заљубите..

Состојки:

125 гр маргарин,4 лажици мед, 4 лажички шеќер,100 гр чоколадо за готвење,100 гр мелени бисквити,100 гр мелени ореви и 200 гр пржен сусам.
Подготовка:

Во тавче на умерена температура растопете ги маргаринот, медот, чоколадото и шеќерот, мешајте додека не се соединат. Додадете прженo семе од сусам, ореви и бисквити и измешајте сè заедно.
Добиената маса истурете ја на алуминиумска фолија, завиткајте ја додека е топла, ставете ја во фрижидер да се стегне и исечете и послужете кога ќе се излади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *