
Целиот живот го посветиле на проучување на организмот, а посебно внимание посветувале на најважниот орган. Тие се грижат за правилното функционирање на срцето , а еве што советуваат и што самите применуваат.
Нивните зборови треба да се сфатат сериозно. Некои од ритуалите што ги имаат сигурно никогаш нема да ви паднат на ум.
Правилна исхрана. Најчесто се трудат да подготват храна навечер за целиот нареден ден. Ретко јадат мрсна и нездрава храна.




Дневник за благодарност. „Студиите покажаа дека изразувањето благодарност има позитивни ефекти врз здравјето на срцето, а освен што е добро за душата, благодарноста е добра и за телото“, тврди д-р Никол Ван Гронинген.
Во дневникот секоја вечер запишуваат за што се благодарни тој ден и за се убаво што им се случило.




Спиење од 8 часа. „Недостатокот на сон е поврзан со високиот крвен притисок и тој е главен фактор на ризик за срцеви заболувања“, вели д-р Џенифер Хајт.




Медитацијата е одличен избор. „Физичката активност ги намалува хормоните на стресот, а со тоа и го намалува ризикот од срцеви заболувања“, вели д-р Адам Сплавер.
Д-р Архана Саксена вели дека медитира најмалку 15 минути секој ден.
„Негативните мисли се штетни за срцето, па медитацијата е мојот избор“, вели таа.




Редовно мерете ја телесната тежина. Советите за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести речиси секогаш вклучуваат правилно јадење, слабеење, вежбање и слично. Често се случува пациентите да не ги следат овие совети. Начинот на кој тоа може да се постигне е со мерење и дефинирање на целите на дневна основа. На тој начин ќе се грижите и следите дали ги почитувате сите правила“, тврди д-р Стеван Табак.




Јадат само кога навистина се чувствуваат гладни. „Луѓето јадат од досада или стрес и на тој начин јадат многу повеќе отколку што им е потребно.




Смеењето е неопходно секој ден. „Смеењето не само што го намалува стресот, туку и ги проширува артериите и го намалува крвниот притисок“, тврди д-р Сузана Стајнбаум.
Редовно водат љубов „ интитмниот однос е интервална вежба која е одлична за срцето, а исто така е едноставен и забавен начин да го одржите вашето срце здраво“, тврди д-р Ричард Рајгт.
Секој од нив има план за тренинг. Вообичаено оправдување од пациентите е дека немаат доволно време или дека не можат да се организираат. Решението за ова е распоред на сите задачи што ќе ги правите на почетокот на секоја недела и ќе се придржувате до него.




Медитеранската исхрана е најдобра. „Дека овој тип на диета е најдобар е докажано во едно истражување. Најдобар оброк, ако ме прашувате мене, е сечканото авокадо со маслиново масло“.
Витамините се незаменлив чекор. „Иако мојата исхрана е медитеранска, сепак има одредени хранливи материи кои му недостигаат на моето тело.




Бобинкасто овошје често се наоѓа на масата. Ова овошје го подобрува кардиоваскуларното здравје, што е многупати докажано.
„Поради оваа причина, секој ден јадам свежи или замрзнати бобинки“, тврди д-р Нитин Кумар.
Секогаш кога можат да бидат во друштво со саканите. „Срцевите заболувања се поврзани со стресни времиња, како и со социјални и деловни потфати, а сите се области каде семејството и пријателите можат да помогнат“.




Поголемиот дел од времето го поминуваат во природа. „Покрај тоа што го намалува стресот, да се биде во природа е одличен извор на витамин Д, кој го штити срцето од болести“.
Алкохолот е доволен во умерени количини. Одвреме-навреме е дозволена чаша вино, но не е пожелно повеќе. Алкохолот во големи количини може значително да го наруши здравјето на срцето.




Темно чоколадо наместо млечно чоколадо. „Не само што е вкусно, темното чоколадо е извор на хранливи материи кои ја подобруваат еластичноста на артериите и го намалуваат крвниот притисок“, тврди д-р Синтија Гејер.
Јајцата се одличен чувар на здравјето. Тие се одличен извор на протеини и есенцијални масти.




Оралната хигиена е важен фактор. „Правилната орална хигиена го ублажува воспалението во телото, а иако научно не е докажано како помага за здравјето на срцето, оралната хигиена е важна за целокупното здравје, вклучително и срцето“, тврди д-р Џулија Клари.
Се грижат за тежината „Студија од 2016 година покажа дека вишокот килограми може да ви одземе три години од животот, додека прекумерната тежина значи осум години помалку“, тврди др. Марк Гринберг.




2Внесуваат доволно количество витамини и минерали. Калциумот е исклучително важен, па затоа се трудат да внесуваат доволно од овој витамин.