May 13, 2024

Моделот „F8 Tributo“, кој повеќе не се нуди, во моторниот простор крие 3,9-литарски V8 мотор кој развива дури 720 коњски сили.

Моќта се испраќа на задната оска заедно со 770 Nm вртежен момент. Според италијанските декларации, овој автомобил може да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди.

Забрзувањето од 0 до 200 км/ч е исто така кратко, само 7,8 секунди.

Од Ферари наведуваат дека максималната брзина што ќе можете да ја постигнете со „F8 Tributo“ е 340 км/ч. Но, сопственикот на моделот од приложеното видео има поинакво мислење.

Влегувајќи во тунелот силно го притиснал гасот и не можел да поверува на податоците на брзиномерот. Со сериски примерок од автомобилот успеал да достигне над 360 км/ч.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *