May 16, 2024

Вкусно, брзо и евтино. Компирите се топат во устата и се многу вкусни, а се подготвуваат многу брзо и лесно.
Потребни состојки:

1,5 кг компири (по можност млад компир),2 лажици палента,2 лажици пченкарно брашно,една лажица црвен мелен пипер,1 лажица сув зачин,1 лажица сушен лист од јаглика,1/2 лажичка црн бибер,една лажица куркума,
1/2 лажичка сол и масло по потреба.

Подготовка:
Измијте ги и исчистете ги компирите. Исушете ги со хартија или крпа и ставете ги во длабок пластичен сад.
Се сечат на поголеми парчиња. Помаалите компирчиња се сечат само на половина, а поголемите на 4 дела.
Во длабок сад измешајте ги сите зачини, а потоа посипете ги врз компирите.

Измешајте ги компирите добро со двете раце.
Во плехот ставете ја хартијата за печење и прелијте ја со малку масло.
Протресете ги компирите заедно со сите зачини и убаво наредете ги.
Прелијте ги одозгора со маслото, по малку.
Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени.

По 30-40 минути, извадете го од рерната, а потоа свртете ги компирите од другата страна.
Печете ги уште 30 минути, а потоа извадете ги компирите и превртете ги. Повторно вратете ги на печење да заруменат.

Време на печење околу 1 час и 20 минути.
Сервирајте ги и послужете.
Во продолжение погледнете ја целата постапка објаснета во видеото:


Пријатно јадење!
Извор: domacirecepti.net

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *