May 19, 2024

Моника Левински и денес добро живее од скандалот со синиот фустан кој го извалка со поранешниот американски претседател.

Аферата, која будно ја следеше целиот свет, беше откриена сосема случајно. Целата приказна експлодирала, а Левински потоа се нашла на столбот на срамот.

За потсетување, Моника Левински дојде во Белата куќа по дипломирањето психологија во 1995 година. Тогаш на само 20 години го запознала американскиот претседател со кој ќе влезе во краткотрајна афера.

„Не сум имал интимни односи со таа жена“, изјави тогаш Бил Клинтон, а таа реченица ќе остане запаметена како една од најпознатите изјави од неговиот мандат. И една од најголемите лаги, бидејќи Левински подоцна ќе признае дека имале орален однос.

Жената која го предизвика најголемиот скандал што историјата го памети, годинава полни 49 години, а сменила неколку професии . Работи како бизнисменка, психолог и забавувач. По скандалот таа живеела во Њујорк, Лондон и Портланд.

По аферата која го потресе целиот свет, Моника долго време зборуваше за страдањето од посттрауматски стрес. Таа на кратко се повлече од јавниот живот, но потоа реши да се соочи со медиумите.

Во 1999 година ја основал компанијата „The Real Monica“ и продавала чанти. По скандалот сменила неколку работни места, а меѓу другото водела и неколку емисии, се појавила во серијата на HBO „Моника и црно и бело“. Таа се појавуваше епизодно во неколку серии, напиша колумна за „Венити фер“ и беше присутна во јавноста.

Само за својата автобиографија добила половина милион долари. Од средината на 90-тите, кога се случи скандалот, до денес успеала да собере 1,5 милиони долари. Таа е една од првите луѓе кои успеаја да заработат на репутација која ја уништи интернетот.

Таа добила аванс од половина милион долари само за книгата „Приказната на Моника“ објавена во 1999 година.
Ослабила за милион долари, Бидејќи била буцка, Моника добила милион долари за слабеење од една компанија. И таа успеа.

Денес меѓу другото им помага на жртвите на насилство. Наместо да бега од своето минато и стравовите, таа решила да ги прифати и да живее со нив. Таа стана активист за човекови права и учествува во работата на многу организации кои ги штитат луѓето од вербално и психичко насилство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *