February 23, 2024

Воспитувањето деца во денешно време може да биде бумеранг за родителите, Британската дадилка и авторка на книгата „Биди мирен родител“, Ема Џенер зад себе има 20-годишно професионално искуство кое го стекнала работејќи на два континента.

Ема сериозно се плаши поради начинот на кој денес се воспитуваат децата, а издвојува пет проблеми кои ги смета за горливи.

Се плашиме од сопствените деца. Децата имаат преголема контрола над своите родители , а тоа го покажува и едноставен тест со чаша, вели Ема.

„Ако мајката му истури млеко на детето во сина чаша, а тој рече дека сака да пие од друга шолја, внимателно набљудувам како реагира родителот: Во повеќето случаи, тaa брза да го истури млекото во друга чаша, додека детето се лути. Голема грешка! Од што се плашиш, мамо?“

Не очекуваме многу. Кога децата се однесуваат лошо , било на јавно место или дома, родителите ги креваат рамениците во стилот „Па, такви се децата “ . „Верувајте ми, не мора да бидат такви“, вели Ема, додавајќи дека децата се многу поспособни отколку што мислат родителите, без разлика дали се работи за манири, почит кон постарите, домашна работа, дарежливост или самоконтрола.

„Дали мислите дека детето не може да седи во ресторан за време на вечерата? Глупости. Мислиш дека не може да ја расчисти масата ако не му кажеш? Уште една глупост! Единствената причина поради која не се однесуваат правилно е затоа што не сте ги научиле на тоа и не очекувате од нив! Едноставно е. Подигнете ги вашите стандарди и детето ќе се прилагоди на нив“.

Не ги прифаќаме мислењата и советите на другите. Во минатото, возачите на автобуси, наставниците, продавачите и другите родители имаа „право“ да предупредуваат дете кое недолично се однесува. Тие беа очи и уши на родители кои не беа присутни, и сите работеа со иста цел: воспитување пристојни момчиња и девојчиња. Тие беа поддршка на родителите. Денес, кога некој што не е родител ќе се осмели да предупреди дете, мајката и таткото полудуваат.

Нивното дете е совршено, па често не го прифаќаат мислењето на другите кои мислат дека не е.
Ќе ја нападнат учителката наместо да го казни детето кое било грубо на час. И воопшто не помага што денес родителите меѓусебно се судат, наместо да се поддржуваат. „Кога ќе видат нечие дете луто, сите ја осудуваат мајката која го дисциплинира и треба да кажат „Еј, во право е, му поставува граници на детето, а не е лесно!“, објаснува Ема.

Се потпираме на помагала. „Прекрасно е што родителите имаат разни електронски уреди за да им помогнат за време на патувањето и на лекар. Денес родителите се позафатени од кога било досега, а јас сум секогаш за тоа да им се олесни кога е потребно“, вели оваа искусна дадилка.

Но, овие помагала се искушение за родителите, кои почнуваат да ги користат се почесто, па децата не учат сами да се забавуваат.
Потребите на децата секогаш се на прво место. Добро е што децата се приоритет на нивните родители. Но, денес отиде предалеку, предупредува Ема, бидејќи родителите ги занемаруваат своите потреби и своето ментално здравје поради своите деца. „Постојано гледам мајки кои повторно и повторно стануваат од кревет за да му угодат на детето. Или татковци кои оставаат сè за да трчаат по пијачка за својата жедна ќерка“.

Сосема е нормално тој татко да каже: „Се разбира дека можеш да добиеш вода, но само кога ќе наидеме на следната славина.“ Да кажеш „не“ од време на време воопшто не е лошо, ниту пак да бараш од детето само да се забавува додека одите во тоалет или подготвувате ручек.

„Се плашам дека ако не почнеме да ги исправаме грешките, нашите деца ќе прераснат во себични, нетрпеливи и груби возрасни луѓе. Нема да бидат тие виновни, туку ние. Никогаш не ги учевме поинаку ниту пак очекувавме повеќе од нив.
Сакавме сè да им биде секогаш „до рака“, а кога, неминовно, ќе престане да биде така, нема да биде подготвено“, предупредува Ема и советува:

„Очекувајте повеќе. Да ги ставиме овие деца во ред заедно и навреме да ги подготвиме да бидат независни и успешни во реалниот свет, а не да бидат заглавени во оној што го создадовме за нив“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *