May 21, 2024

Мартин Купер, човекот кој го измислил првиот мобилен телефон, во интервју изјави дека „луѓето треба да си го најдат животот и да престанат толку многу да користат паметни телефони“.

93-годишниот Купер е заслужен за создавањето на оригиналниот безжичен мобилен уред, Motorola DynaTAC 8000X, во 1973 година, но сега, речиси 50 години подоцна, тој верува дека луѓето треба да поминуваат помалку време на своите телефони.

Во интервју за Би-Би-Си, пронаоѓачот и инженер признал дека го користи својот мобилен телефон помалку од пет проценти од своето време.

„Што би му рекол на некој, како мене, кој користи мобилен телефон повеќе од пет часа? прашала водителката Џејн Мекабин, на што Купер се насмеа.

„Навистина? Дали навистина поминувате пет часа дневно на вашиот мобилен телефон? рече тој пред да додаде: „Најдете си живот“.

Купер дипломирал на Технолошкиот институт во Илиноис во 1950 година, а седум години подоцна магистрирал по електротехника на IIT. Неговата прва работа била во Teletype Corporation пред да се пресели во Моторола во 1954 година.

Во раните години во компанијата, тој помогнал да се создадат многу пионерски производи како што е еден од првите рачни полициски радио системи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *