July 18, 2024

Ученик од Србија стана вирален хит на социјалните мрежи, а за се е виновен начинот на кој дошол на училиште. Имено, бидејќи според прописите во образовните институции не е дозволено да се доаѓа во шорцеви, тој од револт дошол во фустан.

Млад корисник на TikTok објави видео кое набрзо стана вирален хит. Како што изјавил, на овој начин го „почитувал“ кодексот за облекување пропишан за училиштето.

“Зарем не ни е дозволено да доаѓаме на училиште во шорцеви? Нели. Брат, јас доаѓам во фустан како маж. Ајде, избркај ме, па нека биде. Колку добро се чувствувам”, рече тој на снимката.

Неговата објава за неколку дена собра повеќе од 800 илјади прегледи и над 100 илјади лајкови, објави Блиц.

Во коментарите кои се појавија тој откри дека фустанот го извадил од плакарот на мајка му, а придружниците за него имаа само зборови на поддршка, иако овој чин не е баш според прописите кои важат за мажите во средните и основните училишта.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *