December 10, 2023

На ТикТок неодамна беше објавено видео од ресторан на познатиот турски готвач Нусрет Гокче кое уште буди интерес кај публиката.

Неговите ресторани се познати по многу високите цени на храната, па многумина беа изненадени од потегот на еден вработен кому му паднал бифтек на подот, го подигнал и продолжил непречено да работи.

На видеото споделено на TikTok, пред вработениот има три шницли за сечење. Кога стигнал до вториот стек, со ненадејно движење го соборил третиот стек на подот.

На вработениот не му пречело тоа што му паднал скапиот стек од 270 долари, па продолжил да работи како ништо да не се случило.

Видеото за четири дена е погледнато милион пати, а реакциите за овој потег на вработениот постојано пристигнуваат.

Да го погледнете видеото кликнете ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *