May 16, 2024

Пензионерката од Полска, Микелина Боровчик-Јеџеји, си го купила автомобилот што го сакала кога била тинејџерка.

Конечно, таа е горда сопственичка на својот автомобил од соништата – „Subaru WRX STI“ и не и беше жал што за него издвои неверојатни 46.000 евра .

Иако зема пензија од 504 евра, подолг период собирала пари за да го купи овој автомобил бидејќи, како што вели, отсекогаш била љубител на брзи автомобили.

Уште како девојче, додека одеше по улиците и ги гледаше сите тие брзи машини, сонуваше дека еден ден ќе има своја.

Дури на 75 години ја исполнила својата желба и по 13 години, колку што и биле потребни да собере 46.000 евра од пензијата, станала сопственик на овој автомобил и со тоа докажала дека упорноста и истрајноста секогаш се исплатат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *