December 3, 2023

Време е да ја исчистите куќата од негативна енергија

Постојат голем број техники што можете да ги користите за да одредите дали има негативна енергија во вашиот дом . Најлесен начин да го направите ова е со чаша полна со вода.

Што е сепак негативна енергија? Секој од нас има своја енергија која се задржува во местата каде што живееме и во предметите што ги користиме. Нашите домови се места каде што се среќаваат различни енергии, како на нас, така и членовите на семејството.

Секој кој влегува во нашиот дом внесува и одреден вид на енергија , а таа може да биде позитивна или негативна . Негативната енергија предизвикува стрес, здравствени и финансиски проблеми и лоши чувства. Доколку мислите дека таква енергија е присутна во вашиот дом, веднаш направете нешто.

Трик со чаша вода: Ставете морска сол во проѕирна стаклена чаша (треба да земе 1/3 чаша). По солта, во чаша истурете 1/3 ладна вода и 1/3 бел оцет .

Ставете ја чашата во просторијата каде што мислите дека се акумулирала негативна енергија.
Откако ќе ја наместите чашата, никој не смее да ја допира во следните 24 часа . Ако течноста во чашата е во иста состојба во која сте ја оставиле, можете да здивнете, во таа просторија нема негативна енергија.

Но, ако забележите меурчиња во чашата или течноста станува матна , очигледно е дека имате некои проблеми.
Откако течноста во чашата ја апсорбира негативната енергија, фрлете ја течноста во тоалетот и оставете ја водата да тече. Постапката повторувајте ја секој ден, додека течноста во чашата не стане бистра.

Постојат уште 2 начини да ја исчистите вашата куќа од негативна енергија:

Жалфија или темјан. Ова е еден од најстарите, најбрзите и најефикасните начини да го исчистите вашиот животен простор од негативна енергија.

За да ја исчистите куќата со жалфија или темјан , треба да ја отворите влезната врата и сите прозорци во вашата куќа. Запалете темјан или жалфија и оставете да изгори неколку секунди. Потоа изгаснете го пламенот и оставете го да чади кратко време. Најдобар начин да го започнете овој ритуал е да шетате низ собата и да покриете што поголем дел од просторот со чад.

Посипете малку сол во аглите на куќата, на влезот и на прозорците. Истурете ја морската сол во четирите агли од вашата соба и оставете ги таму 48 часа. Ова ќе ја апсорбира негативната енергија на претходните сопственици и негативната енергија на луѓето кои се болни или во кавга. По 48 часа, исчистете го со правосмукалка и фрлете го собраното надвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *