June 25, 2024

Фенг шуи редослед за чистење на домот – еве како да го средите домот за во него да се вселат позитивна енергија, љубов и благосостојба!

Фенг шуи, чистење на стан или куќа не е само за отстранување на нередот, туку и за чистење на енергијата. Отстранувањето на прашината, нечистотијата и старите непотребни работи ја отвора вратата во домот за подобри работи, благосостојба, среќа, подобри можности.

Најважно пред чистење е да ги фрлите непотребните работи, оние кои се расипани, веќе не функционираат или оние што не ги користите, туку само ви го пополнуваат просторот. Можете да ги донирате, фрлите или рециклирате. Ако го исчистите домот, а овие работи останат во него, нема да имате никаков ефект. Ова лошо влијае на енергијата во домот – го задржува негативното, а го спречува позитивното да циркулира.

Исто така, според експертите за фенг шуи, важно е куќата да се чисти по одреден редослед. Еве од каде да започнете, и каде да завршите:

Ходник – Ова е првата просторија во која сите влегуваат во станот или куќата. Чистотата на ходникот го дава првиот впечаток за чистотата на целата куќа. Затоа, во фенг шуи, се верува дека чистотата во ходникот е нова можност за сопственикот на куќата. Важно е ходникот да е светол, да има многу светлина – ако нема природна светлина, тогаш ставете светилки. Светлината во овој дел од домот симболизира добра енергија. Ослободете го ходникот од купот јакни и преполни чевли на подот, ова внесува многу лоша енергија во домот.

Кујна – Важно е да имате минимум неопходни работи во кујната. Ова важи и за кујнските апарати, треба да ги има што е можно помалку. Не ги изложувајте уредите, заменете ги класичните со мултифункционални, за да го намалите бројот на електроника. Извадете ги садовите со пукнатини од кујната , бидејќи привлекува лоша енергија. Шпоретот се смета за симбол на благосостојба во семејството, па затоа секогаш треба да се чува чист. Не чувајте празни пластични садови, стари шишиња, празни тегли и лименки во шкафот… Не оставајте валкани садови во мијалникот – полни со нечистотија, полни со грижи.

Спална соба – Кога го чистите домот, посветете внимание на спалната соба исто како и на другите простории. Во оваа зона, сопствениците на домовите се релаксираат и ја враќаат енергијата по напорниот ден. Затоа, спалната соба треба да биде чиста и пространа. Креветот задолжително поставете го на ногарки за да циркулира слободно под него воздухот, а со тоа и енергијата.

Тоа исто така значи дека никогаш не треба да има прашина или какви било предмети под креветот. Доколку има плакари во спалната соба, треба и тие да се средат. Фрлете ја старата облека, редовно чистете ги искористените предмети од прашина, бришете го плакарот внатре и надвор со влажна крпа.

Прозорци – Како и на други места, на прозорските даски не треба да има непотребни работи. Секоја стара и непотребна работа на прагот на прозорецот е пречка позитивната енергија да влезе во куќата со сончева светлина. Валканото, правливо стакло е бариера за енергијата и мора секогаш да се чува чисто. Пукнатините и струготини на стаклото се места каде што се акумулира негативна енергија, па затоа треба да се поправи или да се замени со нови.

Подрум – Подрумот секогаш мора да биде чист и сув. Цевките за парно и вода што протекуваат треба навреме да се санираат, бидејќи водата што истекува симболизира излевање пари од куќата.

Поткровје – Не го претворајте поткровјето во куп стари и непотребни работи. Покриени со ѓубре поткровје на куќи и балкони на станови значат дека нивните сопственици се плашат од иднината, се плашат од промени во животот. Покрај тоа, голема количина ѓубре ја попречува чистотата и редот.

Што е најважно, важно е да сте расположени додека ја чистите куќата за самите да привлечете добра енергија. Пуштете музика, ангажирајте ги домашните и одете по ред – од ходникот до поткровјето – после овој редослед можете да ги средите следните простории во домот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *