May 13, 2024

Нема ништо поубаво од мирисот на свежо печен домашен леб, со крцкава коричка и мека средина. Но, за да јадеме вкусен леб, прво треба да го замесиме.

Една од тајните на вкусниот леб е дека мора да се придржуваме до правилниот сооднос на намирници, со цел резултатот да биде сигурен и очекуван.

Почетниците кои се обидуваат да замесат леб за прв пат, често се прашуваат колку точно квасец треба да се стави. Количината на квасец зависи од неговата форма, но и од количината брашно што ќе го користите.
Замесете совршен леб со помош на нашиот совет:

За одличен резултат, на 1 килограм брашно се додаваат 42 грама свеж квасец, кој претходно се активира во малку топла вода или млеко. Тоа е една коцка свеж квасец.
Во случај да немате свеж квасец, можете да користите и сув квасец. Во тој случај се ставаат околу 20 грама сув квасец или 2 кесички квасец на еден килограм брашно.

По желба, можете да измешате сув квасец со малку топло млеко и на тој начин да го активирате, и можете да го измешате директно во брашното кога подготвувате леб или погача.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *