June 19, 2024

Кога немате идеја што да подготвите, можете да направите брз ручек со варени јајца, сирење и спанаќ. Да, нема месо, но подеднакво е вкусно и заситувачко.

Ручек без месо многумина дури и не го сметаат за оброк. Но, таков ручек може да ве засити и да биде подеднакво вкусен како и оној со месо. За ова ќе ви требаат спанаќ, варени јајца и сирење. Лесно и брзо се прави, па затоа е идеално решение доколку се вратите уморни од работа или ако мразите да готвите. Исто така, за такви денови кога би сакале да јадете вкусно, но да не потрошите многу време, добри се и тестенините. Брзо подгответе го ова јадење и послужете со парче леб.

Состојки:4 млади кромидчина,300гр спанаќ,4 варени јајца,150гр бело сирење фета,200 гр тврдо сирење и оригано,сол,бибер ,зачинета пиперка по желба.
Подготовка:

На малку масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете го спанаќот и пропржете уште 2-3 минути. Зачинете со бибер и зачинета пиперка. Се пржи уште 30 секунди и се трга од шпорет.

Истурете ја смесата во тавата која е пемачкана дното. Наредете ги јајцата, исечени на половина. Помеѓу јајцата ставете парчиња бело сирење. Посипете ги со зачинета пиперка, оригано и рендано тврдо сирење. Се пече во загреана рерна на 180 ° C околу 20 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *