June 15, 2024

Ако и вашето куче има навика да душка и да се врти во круг пред „да ја заврши работата“, ви ја откриваме причината зошто се случува тоа.

Повеќето сопственици на кучиња веројатно се збунети и полудени од чекањето нивното куче да се смилува и да изврши голема нужда, особено во раните утрински часови, кога или спиеме или брзаме на работа. Исто така, голем дел од нив се прашуваат зошто кучињата од тоа прават цел ритуал, наместо да чучнат и да си ја вршат работата на првата тревна површина на која ќе налетат. Се испостави дека одговорот може да биде покомплексен отколку што мислиме.

Имено, постоеле неколку теории за тоа зошто кучињата кружат пред да извршат нужда. Некои од нив тврдеа дека тоа го прават за да ја згазат високата трева и да ја израмнат, за да имаат почист терен за „вршење на работата“. Друга теорија е дека тие го прават тоа за да се уверат дека не се во опасност од змии или предатори пред да се „фатат на работа“.

Меѓутоа, чешкиот истражувач Хинек Бурда навистина не верувал во тие претпоставки. Имено, бидејќи кучињата потекнуваат од волци, тешко дека морале премногу да се грижат за високата трева. И дури и да сакаат да ја скенираат околината, кучињата би можеле да го направат тоа во мирување, па слушањето и душкањето би било многу поефикасно од скенирањето на областа. Наместо тоа, Бурда верувал дека кучињата ротираат за да се поврзат со магнетното поле на Земјата.

Земјата има магнетно поле околу себе што ја штити од зрачење од вселената, а некои животни се чини дека го користат за да добијат чувство каде се нејзините северни и јужни полови. На пример, тоа е начин за птиците да се ориентираат за да знаат каде да мигрираат.

Во 2013 година, Бурда објави студија во списанието „Границите во зоологијата“ во која тврди дека и кучињата имаат силен внатрешен компас. Тој и неговиот тим поминале две години гледајќи 70 кучиња како вршат мало и големо мокрење и забележувајќи на која страна се свртени и колку е силно магнетното поле.

Како што се испостави, кога магнетното поле беше мирно, што се случува во околу 20 проценти од случаите кога надвор е ден, кучињата претпочитаа да уринираат свртени кон север или југ. Кога магнетното поле беше помалку стабилно, тогаш тие избираа други насоки. Овој модел на однесување не може да објасни зошто кучињата сакаат да се усогласат со половите на Земјата, но истражувачите мислат дека тоа би можело да им помогне да запомнат каде ја означиле својата територија.

„ Со тоа, тие го калибрираат својот магнетен компас, па веројатно им е полесно кога ќе се усогласат со магнетното поле на Земјата“, рече Бурда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *