May 23, 2024

Sad young man looking through the window

Во шокантната исповед што ја раскажал еден маж, тој открил неверојатни детали од својот брачен живот и она што го доживеал од неговата болна сопруга која му признала некои работи 3 недели пред нејзината смрт.

Еден маж сподели исповед за неговиот најтежок период од животот, кога тој и неговата сопруга открија дека и е дијагностициран агресивен облик на рак и низ што поминале. Лекарите немале добра прогноза и прашање на денови беше кога ќе умре.

Иако тогаш ѝ останало малку време за живот, секоја минута ја поминувале заедно, а тој цело време бил со неа. По 6 месеци, таа за жал почина на 58-годишна возраст. Меѓутоа, пред тоа морала да сподели некои тајни со сопругот , кои, како што рекла, не можела да ги земе со себе во гроб.

Таа на својот партнер му открила за многуте афери кои ги имала со други мажи непосредно пред нејзината смрт. Разочараниот помислил дека тоа е се, откако останал шокиран од втората вест која му ја соопштила. Ќерката, за која мислеше дека е родена од нивната љубов , се покажа дека е резултат на еден од тие скандали.

Болната жена побарала прошка од сопругот, бидејќи, како што рекла, на такви потези ја натерала осаменоста која тогаш ја чувствувала поради честото отсуство од дома поради работа.

Иако е свесен дека не и обрнувал доволно внимание и дека инженерското занимање го оддалечило од сопругата, тој во својата исповед вели дека е разочаран и дека тоа било страшен удар за него. Се чувствуваше како целиот брак да е лага. Неговите ќерки сега се возрасни и имаат свои деца, а тој се прашува што да прави.

Дидро, која одговара на прашања и дава совети за британскиот „Сан“ во рубриката „Прашај Дидро“, му кажала дека ја разбира неговата загриженост и дилемата што да прави, но да размисли дали е добро да се открие вистинското лице на мајката на своите ќерки.

Му рекла дека и тој учествувал во нивното воспитување и ги воспитувал, но повторно, подобро е сите да ја паметат по квалитетите кои ги имала. Таа го советувала лично да се обрати кај советник, кој ќе му помогне преку терапевтско советување да живее со тоа и да го надмине проблемот .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *