June 25, 2024

Непишано правило е дека туристите мора да се однесуваат според правилата при посета на места од историско и културно значење.

Но, секогаш ќе има некој што ќе ја помине границата. Така туристка се искачила на пирамидата Ел Кастиљо во Чичен Ица, Мексико.

На видеата кои се проширија на социјалните мрежи се гледа како жената се качува по пирамидата, а другите посетители почнаа да свиркаат. Иако тоа беше знак веднаш да застане, таа сепак дрско продолжи да чекори кон врвот на пирамидата. Конечно, таа заигра и им мавна на толпата.

По слегувањето, наишла на гневни посетители кои барале казна за она што го направила. „Затвор, затвор, заклучете ја, нека се жртвува, оваа жена не ги почитува правилата“, извикуваа од толпата. Конечно ја испрскале жената со вода додека си заминувала.

Имено, искачувањето на пирамидата е забрането во 2008 година од Националниот институт за антропологија и историја. Со цел навистина да се спречат луѓето да се искачат на пирамидата, има и парична казна која се движи од 2.558 долари до 5.115 долари.

Инаку, оваа пирамида е висока 24 метри и се состои од 9 катови. На врвот на пирамидата има астрономска опсерваторија, а до неа водат четири скалила од по 91 скалила, што прави вкупно 364 скалила, а 365-от степеник е последниот што води до горната платформа.

Ел Кастиљо е всушност храм посветен на Кукулчан. Според легендата, Кукулчан наводно бил историски лидер на Маите или Маите-Толтек или културен херој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *