June 25, 2024

Бебињата родени во кралски семејства се многу посебни, и поради тоа што се раѓаат со титула и поради необичните обичаи. Во британското кралско семејство постојат обичаи кои се одржуваат со векови, но и такви кои ги прекршуваат, модерните принцези.

Некои од обичаите поврзани со раѓањето на кралските деца звучат сосема бесмислено, но и покрај тоа поголемиот дел од семејството строго се придржува до нив.

Еве список на правила што некои членови на кралската линија престанаа да ги следат:
Кралските бебиња имаат 3 или 4 имиња. Името на принцот Џорџ е Џорџ Александар Луис, а името на принцезата Шарлот е Шарлот Елизабет Дијана. Принцот Филип има уште подолго име Вилијам Артур Филип Луис.

Името на кралското бебе не мора да има презиме. И пред почетокот на 20 век, бебињата родени во кралското семејство не морале да носат презиме со нивното име. И покрај тоа што до нивното име не пишувало презимето, се знаело од која земја потекнуваат.

Кралицата е една од првите личности кои се информирани дека се родило дете. Според протоколот, принцот Вилијам и се јавил на својата баба од шифриран телефон по раѓањето на принцот Џорџ.

Се очекува и татковците да одат на породилно отсуство. Принцот Вилијам, пилот во Кралските воздухопловни сили, замина на неплатено породилно отсуство по раѓањето на двете негови деца.

Јавноста, но и родителите го дознаваат полот на детето дури по раѓањето. Очигледно, и Кејт и Вилијам се држат до оваа традиција.

Кралското семејство има свој гинеколог кој е задолжен само за раѓање, кралски деца
Неговото име е Маркус Сечел и дури го одложи пензионирањето за да го донесе принцот Џорџ на светот. Во минатото, г-дин Џорџ Пинкер помогна да се породат принцот Вилијам и Хари.

Доењето е новитет во кралското семејство. Кралицата Елизабета Втора прва ги доела своите деца, а по неа принцезата Дијана и војвотката Кејт Мидлтон. Сите претходници на кралицата Елизабета ги користеле услугите на доилка и не ни помислувале на доење.

Кралските деца добивале имиња дури по раѓањето. Принцезата Дијана и принцот Чарлс го објавија името на своето дете само неколку дена откако го донесоа од болница во палатата.

Малите деца родени во кралското семејство имаат свои миленици. Како дете, принцот Вилијам добил шкотски пони, со кое првпат бил фотографиран во 1986 година во неговиот дом во Даутон.

Кралските бебиња традиционално се завиткани во обични памучни пелени. Како што пишуваат медиумите, принцезата Дијана прва ја прекинала оваа традиција и почнала да им става пелени за еднократна употреба на своите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *