February 26, 2024

Откако пожарникарско возило удрило во нивниот авион, еден пар решил веднаш да направи селфи.

Несреќата се случила минатиот петок на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, Перу.

Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на лице место загинале двајцата пожарникари. Патниците и членовите на екипажот не биле повредени.

Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљози, ја сподели објавата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи.

Некои корисници на Твитер коментираа колку е апсурдно да се „пука“ селфи веднаш по несреќата, а еден корисник на Твитер напишал: „Сега видов сѐ. Селфи по несреќа. Крај на интернетот“.

„Трагедија = селфи“, „Авионот се урна… чекајте да направам селфи“, се само дел од коментарите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *