May 23, 2024

Денес, малку подзаборавена кај нас, бозата е популарна низ балканските земји. Исклучително е здрава, и го зајакнува имунитетот.

Бозата потекнува од Турција, од времето на Отоманската империја, а се верувало дека овој пијалок, стар повеќе од илјада години, му носи сила на телото.
Бозата е природен, здрав и оживувачки пијалок полн со витамини.

Поради изобилието со витамин Б, протеини и органски киселини, посебно се препорачува за трудниците, децата, спортистите и постарите лица. Бозата е многу здрав напиток и добро е да се пие. Нејзиниот густ киселкаст вкус е специфичен и на многумина им треба време да се навикнат на истиот.

Богата е со витамини А, Б и Е, како и со железо. Содржи и голем број на корисни бактерии, па особено е добра за спортистите, трудниците, мајките …
Рецептот за боза е едноставен и можете да го подготвите дома.
Потребни состојки:500 грама непросеано пченкарно брашно,5литри мкака вода,20 грама квасец,500 гр шеќер.
Подготовка:

Во поголема шерпа ставете го пченкарното брашно, додадете 5 литри вода и оставете да преноќи.
Наутро ставете го садот на шпорет и варете два часа со повремено мешање. Тргнете го садот од шпоретот и оставете да отстои неколку часа.
После тоа во смесата измешајте го квасецот измешан со малку млака вода и оставете го да „преноќи“ до следниот ден. Следниот ден процедете ја течноста низ газа и додадете шеќер..

Напитокот изладете го и по желба украсете со мелен цимет. Бозата поради вриењето треба да се чува во фрижидер, а се предлага да ја направите количината за која сте сигурни дека ќе ја испиете.

Извор: Zivotenstil

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *