March 1, 2024

Ако се гребете ,влошувате уште повеќе, па може целосно да ја иритирате кожата.
Пробајте еден од петте старомодни лекови кои нашите баби ги користеа за борба против чешањето од каснување од комарци

Лук. Докажан народен лек: исечете го лукот и ставете половина на местото на каснувањето. Ова ќе ви го смири чешањето и отокот. Покрај тоа, силниот мирис на лук ќе помогне да се избегаат комарците.

Вода со оцет. Земете пет лажици оцет и измешајте ги со 200 мл ладна вода. Намачкајте на памучна крпа со растворот и нанесете на местото што чеша. Вака ќе го дезинфицирате местото.

Мраз или алое вера. Ако го изладите местото каде што ве каснал комарец, брзо ќе го ублажите чешањето и отокот. Завиткајте коцка мраз во крпа и ставете ја на местото на каснување.

Ако немате мраз при рака, пешкирот натопен во ладна вода ќе ви помогне. Многу може да помогне и алоето – исечете лист од растението, извадете го гелот од него и ставете го во фрижидер 10-15 минути. Нанесете на „раната“.

Лимон. Лимонот има антиинфламаторни својства. На „болното“ место ставете половина лимон или намачкајте го сокот разреден во малку вода. Ќе го намалите ризикот од инфекција, но и ќе го ублажите чешањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *