May 15, 2024

Многумина тврдат дека нивните соништа им помогнале навреме да откријат некоја болест. Со илјадници години луѓето ги толкуваат соништата .

Многу народни верувања се поврзани со соништата и нивното значење. Старите Египќани им придавале големо значење на соништата и нивното толкување. Ако некој во тоа време имал проблеми во животот и побарал совет, тој би ја поминал ноќта во храмот. Свештениците го толкуваа она што тој би го сонувал таа ноќ и му кажуваа што треба да направи.

Она што никогаш не престана да ја скокотка фантазијата на луѓето е прашањето дали е навистина можно да се предвиди иднината преку соништата ?

Постојат теории дека анализата на соништата може да ја предвиди иднината, и добра и лоша, а тоа е она што најмногу ги интригира луѓето за соништата. На оваа тема се направени одредени истражувања, поконкретно – дали е можно да се предвиди болест преку соништата.

Имаше луѓе чии соништа наводно предупредувале на развој на сериозна болест во телото и на тој начин ги спасиле – затоа што обрнале внимание и навреме презеле акција, пред болеста да напредува.

Тоа може да се објасни со фактот дека имаме тенденција да ги игнорираме сигналите кои телото ни ги испраќа додека сме будни, а во овој случај тоа може да бидат симптоми на болеста, па таа почнува да се манифестира преку соништата, често и преку кошмарите.

Соништата на кои вреди да се обрне внимание се оние кои постојано се повторуваат или се појавуваат кај личност која инаку, многу ретко сонува.

Некои ги поврзуваат соништата со минати животи. Класичните соништа претежно содржат места, луѓе и работи кои ни се познати во реалниот живот. Но, понекогаш е можно да сонуваме сцени кои изгледаат како да се гледаат од туѓа перспектива или луѓе и настани кои не ни се познати, а ни се чини како да потекнуваат од минатото. Ова може да биде знак дека тоа се спомени од минатите животи.

Можете исто така да сонувате за себе, во сон изгледате поинаку, но знаете дека сте вие. Ова важи и за вештините што ги имате во сон, но во реалниот живот ги немате. На пример, зборувате друг јазик и во сон го разбирате или знаете да ковате нож, што во реалноста никогаш не сте знаеле како.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *