June 25, 2024

Мувлата или црните точки на ѕидовите се штетни по здравјето на луѓето, а се создаваат поради лоша градба, пукнатини, испукани цевки или неотворање прозорци при туширање.

Постојат многу причини за појава на мувла, но таа е и најчеста кога се сушат алиштата во затворен простор во зима.
Еве како можете да го решите овој проблем:

Хидроген пероксид. Ова е добро познато белило кое ќе ги отстрани трагите од мувла. Истурете 3% водород пероксид во шише со распрскувач и посипете на мувлосаните места. Оставете да делува околу 10 минути и избришете.

Алкохолен оцет.Исто така, истурете го оцетот во шише со распрскувач и испрскајте ги црните дамки. Ако не ви се допаѓа неговиот мирис, можете да додадете неколку капки есенцијално масло.

Сода Дамките можете да ги исчистите и со обична сода бикарбона или уште подобро – измешајте ја со оцет.

Масло од чајно дрво Ова масло не се користи само за нега на кожа и коса, туку е одлично и за дезинфекција на домот. Две лажички масло измешајте со 450 мл вода и истурете ја смесата во шише. Пред употреба, протресете и испрскајте ја површината и оставете да се исуши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *