May 23, 2024

Таа денес често зборува за мозочниот удар кој го доживеала и што научила од сето тоа. Пред мозочниот удар немав никакви симптоми и ништо не сугерираше дека може да го доживеам на 39 години – ја започнува својата приказна Ивана Плечингер Ковачиќ, пејачка и радио водителка.

Беше недела. Се разбудив и се наведнав да го исклучам полначот за мобилен телефон. Одеднаш очите ми се затемнија.
Отпрвин и се чинеше дека црнилата во очите што ги доживеа е слична на она што повремено и се случува кога одеднаш се наведнуваше, но набрзо сфати дека нешто чудно се случува, пишува „ Нови.ба “.

Бев дезориентирана. Знаев дека сум во мојата куќа, но не знаев во која соба сум. Го повикав сопругот и го замолив да ме однесе пред огледалото. Имено, се сетив на многу совети што ги прочитав досега за тоа како може да препознаете дали сте доживеале мозочен удар.

Успеав да го допрам врвот на носот со прстот, се насмеав и во одразот видов дека страната на усната не ми е спуштена и заклучив: Супер , не е мозочен ! Меѓутоа, бидејќи нешто сепак беше чудно, мојот сопруг ме однесе во болница – вели Ивана.

Но, таа немаше среќа – магнетната резонанца не работеше и скенирањето на мозокот не покажа ништо. Лекарите и препорачале итно да закаже преглед за магнетна резонанца, а кога за шест дена успеала да дојде на ред, се јавил докторот и рекол: „Имавте инфаркт“.

Потоа поминав низ анализите и после се што доживеав лекарите ми велат дека знаат што ми се случило, но не и зошто. Ми рекоа дека сум сосема здрава, но не знаев што да правам со тоа.
Потоа почнала да чита и да истражува за можните причини за мозочен удар и успеала да си објасни некои работи.

Почнав да истражувам што е стрес, кои се неговите причини и сфатив дека тој секогаш се заснова на страв, од секаков вид. Во моментот кога се случи мозочниот, навистина живеев во страв затоа што оставив една работа, а друга сè уште не беше започната, и моравме да платиме данок на куќа што не знаевме дали можеме да го платиме – вели Ивана.

Таа се плашеше дали ќе може да го плати тој данок, да им обезбеди на децата образование што таа сметаше дека треба да го имаат. Тогаш сфатила колку се бесмислени таквите мисли.
Кога сфатив што може да се случи, дека моите деца можеа да останат без мене, сфатив колку е сето тоа бесмислено – вели Ивана.

Бидејќи дотогаш сфатила дека другата страна на секој страв е љубовта, почнала да внимава на позитивните работи во животот и да работи на надминување на стравовите со љубов и да поставува нови правила.
Решив да избегнувам се што ми предизвикува стрес, исфрлив „мора“, како и луѓето кои се токсични, наместо да ме полнат со енергија. Ги одбирам и филмовите и сериите што ги гледам. Се трудам да избегнувам да се грижам бидејќи тоа го ограничува човекот да направи позитивни промени во животот.

Во меѓувреме, Ивана го загуби својот татко, што беше поттик да напише книга за таа загуба и за нејзината болест.
Таа денес често зборува за мозочниот удар што го доживеала и што научила од се, бидејќи сака да им помогне на луѓето полесно да се справат со слична ситуација.

Не би сакала да ги плашам луѓето, мојата порака не е дека сега сите треба да се плашите да не ве снајде истото. Факт е дека мозочниот удар не им се случува често на младите, ниту пак има некакви симптоми кои може да се предвидат. Има работи кои можете да ги направите сами за да го спречите тоа и верувам дека треба да се зборува – вели Ивана и додава дека тоа се совети кои ги слушнала од докторот, или се уверила дека се корисни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *