May 13, 2024

Д-р Ребека Робинс, која е експерт за спиење, објаснува сѐ во врска со попладневниот сон, вклучувајќи и колку време треба да трае вашата дремка и зошто луѓето што страдаат од несоница не треба да спијат попладне.

Тајмингот е сè, а д-р Робинс укажува на истражувања чии резултати покажале дека 10 до 20 минути е совршена должина на дремката.

– Дремката што трае помалку од 10 минути не може да ви гарантира стимулативни ефекти, а дремката што трае 30 минути или повеќе може да ве испрати во зона на длабок сон, што ќе ви го отежни будењето – забележува таа. Таканаречената „дремка што дава сила“ од околу 20 минути треба да биде доволна за да ви овозможи да го надминете попладневниот пад на енергијата без да посегнете по кофеин или други стимуланси што ќе го нарушат вашиот ноќен сон.

Попладневната дремка за многу луѓе е добар начин да се опуштите во текот на денот и да се освежите пред почетокот на новите обврски.

Важен фактор во дневниот одмор е неговото времетраење. Кога заспиваме, почнуваме да поминуваме низ различни фази на спиење. Петминутната дремка се смета за прекратка за длабоките фази на спиење, додека од друга страна, дневниот сон од 30 минути или подолго му дава на телото доволно време да влезе во длабок сон. Предолгото дремење во текот на денот сепак може да предизвика инерција на спиењето.

Се верува дека поради сето горенаведено, попладневната дремка треба да трае од 10 до 20 минути. Дневниот одмор не треба да трае помалку од 10, но да не биде подолг од 20 минути,бидејќи така носи најмногу придобивки за телото. Исклучок од ова правило се болните луѓе и децата на кои им треба повеќе дневен одмор. Експертите предупредуваат дека продолжениот дневен одмор кај здрави возрасни лица може да го наруши режимот на спиење и да предизвика несоница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *