





Понекогаш најдобрите врски меѓу животните и луѓето се случуваат спонтано. Таков беше случајот со Борјана и Чарли , а приказната за нивното пријателство го обиколи светот.




Порталот Happy Republic ви открива како девојчето успеало да ја тренира верверичката и како ова преслатко малечко реагира кога неговата сопственичка гали други животни.




Борјана првпат го виде Чарли во дворот на нејзините родители , а бидејќи беше плашлив, таа оддалеку фрлаше по него со кикиритки . Меѓутоа, по една недела стравот исчезнал и Чарли почнал да и верува. Толку многу што со години јаде од рака. Ова малечко, едноставно сака јаткасти плодови, особено кикиритки во лушпа.




Иако има речиси иста големина како него, Чарли не се двоуми да стави цела мешунка кикиритки во устата. Понекогаш дури и две. Секако дека глетката со полна уста е смешна и во исто време премногу слатка.




Девојката полека почнала да го тренира Чарли, со тоа што прво проверувала дали реагира на нејзините вербални наредби. Кога се испоставило дека Чарли „разбрал“, таа прво го научила да реагира на командата „стоп“, а потоа и на другите.




Чарли успева дури и да се насмее кога Борјана му вели да го направи тоа. Едно нешто што може да го налути е кога Борјана храни други верверички. Ја гледа шокиран, како да не верува дека не е нејзината единствена мила . Ова мало паметно суштество знае се, но не сака да го дели вниманието на Борјана. И лешниците.
Да го погледнете видеото кликнете ТУКА