June 16, 2024

Без разлика какви проблеми имате, овој систем ќе ви помогне да заспиете мирно.

Секој од нас има свои битки и неволји во животот. Недостатокот на сон е еден од нив, а е поврзан со стресот, недостатокот на дневен ритам и емоционалните шокови кои ги доживуваме секојдневно.

Сите знаеме колку е важен добар сон и со задоволство ви го откриваме начинот на заспивање за две минути, кој се користи во армијата.

Тајната на брзото опуштање и заспивањето беше опишана во книгата „ Опушти се и победи: совршен успех “, уште во 1981 година, но дури сега за овој метод почна јавно да зборуваат и да го применуваат обичните луѓе. Методот, опишан во оваа книга, се покажа како ефикасен во 96% од случаите за 6 недели од тестирањето.

Овој метод вклучува свесна мускулна релаксација, употреба на техники за дишење и визуелизација. Следните неколку чекори треба да се направат пред да заспиете. Сите тие нема да ви одземат повеќе од две минути.

Чекор број 1 – Опуштете ги сите мускули на лицето, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите на очите.
Чекор број 2 – Опуштете ги рамената што е можно повеќе. Потоа целосно опуштете ја десната, а потоа левата рака.
Чекор број 3 – издишете и опуштете ги градите. Потоа опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите, па сè до прстите.
Чекор 4 – Претходните чекори изгледаат едноставни, но сега нешто покомплексно: обидете се да не размислувате за ништо.

Поминете така 10 секунди, а потоа замислете ги овие три слики, кои ќе ви помогнат да се опуштите и да не размислувате за ништо.

Слика број 1 – Лежете во чамец кој плови по езеро, додека околу вас нема ништо друго освен ведро небо над вашата глава.

Слика број 2 – Лежите во висечка лулашка од црно кадифе, во црна соба.
Слика број 3 – Повторете: Не размислувајте, не размислувајте, не размислувајте… – 10-20 секунди.
Слика број 3 – Повторете: Не размислувајте, не размислувајте, не размислувајте… – 10-20 секунди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *