June 16, 2024

Богатството на растенија во нашата географска широчина ни дава можност не само да се загреваме или разладиме со помош на чаеви, туку и да лечиме разни болести. Листовите од смоква се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со белите дробови , како и за оние кои страдаат од чир на желудникот.

Листот од смокви има антиканцерогени и антидијабетични својства, благодарение на тоа што може да послужи за регулирање на нивото на инсулин и холестерол во крвта и помага во лекувањето на дијабетесот и намалување на отпорноста на инсулин .

На луѓето кои веќе боледуваат од дијабетес им се советува да пијат чај од лист од смоква, бидејќи некои научници веруваат дека на овој начин тој дури и целосно би можел да се излечи, пишува Kucnilekar.com.

Корисните својства на листовите од смоква се користат и кај затнати крвни садови. Оние кои страдаат од висок крвен притисок можат да се потпрат и на чај од овие листови.

Исто така, овие листови се добри за регулирање на нивото на триглицеридите, односно телесните масти. Триглицеридите се клучни за нормалното функционирање на голем број органи во телото, но доколку се складираат во ткивата, можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми – го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дебелина.

Со помош на лист од смоква дури можете да спречите појава на чир – секое утро треба да џвакате само по еден лист. Покрај сето горенаведено, оваа навика ќе ви помогне и да ја регулирате тежината.

Подготовка на чај: загрејте 250 ml вода до вриење и додадете 3-4 листови смоква. Оставете да врие 15 минути, па тргнете го од оган.

Пијте барем една шолја од овој чај секој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *