December 10, 2023

Атрактивноста најчесто се поврзува со физичкиот изглед. Но дали само убавината, затегнатата фигура и негуваната кожа се пресудни за двајца да бидат привлечени како магнет?
Истражувањата покажуваат дека мажите повеќе ги привлекува една особина отколку изгледот – се работи за СРЕЌА!

Кога гледате позитивен, оптимист и среќен човек, верувате дека и вие ќе бидете исти. Насмеаните и весели лица се секако попривлечни од мрачните и намуртените лица. За мажите, жените кои зрачат со среќа и позитивна енергија се исклучително привлечни, пишува Sensa.

Мажот се чувствува опуштено во друштво на ваква жена, покомуникативен е, а насмеаните изгледаат поубави, посвежи, помлади.

Жените кои секогаш добро гледаат, дури и во негативна ситуација, оптимизмот им е силата и секогаш вешто го користат. Овој нивен позитивен став ги импресионира и ги прави привлечни и зрачат со посебни вибрации.

Среќата е тој магнет кој поврзува, освојува срца и мотивира љубов.Тоа нека ви биде главниот адут.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *