February 23, 2024

Сигурно ви се случува некој да ве извади од такт со своето однесување , работите што ги кажува или прави.
Таа личност толку многу ве нервира што сакате да и се развикате на цел глас.

Проблемот со бурните реакции е што можете да кажете нешто што не мислите и на тој начин трајно да ја нарушите врската што можеби сте ја граделе со години, без разлика дали се работи за пријател, партнер, колега или некој друг.

Мирната реакција, покрај тоа што е подобра за вашиот душевен мир и односите со другите, е и цивилизиран начин на решавање проблеми, во кој возрасните треба да ги решаваат проблемите.

Ако се чувствувате нервозни и сакате да реагирате, едноставно отстапете и не реагирајте на првата топка. Дишете длабоко и обидете се да не размислувате за проблемот, а неговото решение оставете го за подоцна, кога ќе се оладат емоциите и ќе се смири нервозата .

Пред да реагирате, треба да размислите што навистина сакате да постигнете со вашата реакција и како сакате да заврши ситуацијата. Целосна контрола над своето однесување и ситуацијата ќе имате само во мирен разговор, кој подоцна ќе го имате со личноста која ве изнервирала.

со размислување и дистанцирање од проблемот, ќе успеете да го решите проблемот рационално, без влијание на емоции.
Во тој момент воопшто не размислуваме и секако секој пат по оваа или слична бурна реакција сакаме да го притиснеме копчето „избриши“ кое не постои. Разговорот може да заврши лошо, но запомнете, комуникацијата ќе биде добра се додека ја разбирате добиената порака – објаснува психологот Одри Танг.

Реакцијата можеби не мора да биде лоша, но кога постојано сте на работ на силни реакции, може да биде штетна. Силните емоции можат да бидат многу стресни и може да ве наведат да реагирате на начин кој не е секогаш најдобар. Емоциите се она што ве тера да донесувате лоши одлуки во моментот.

Доколку забележите дека и најмалите работи ве нервираат и дека тоа е редовна појава, не би било лошо да разговарате со стручно лице за тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *