June 16, 2024

Случка која се случи пред повеќе години но во сеќавање остана видео кое ни послужува да не потсети за тоа колку мал гест, некого ќе го направи на најсреќен на цел свет и ќе заборави на тагата, секоја чест за овие луѓе.

Малиот Џексон Шерлен не можеше да го држи татко му Џастин за рака кога првпат влегол во градинка . Џастин, по професија полицаец, го загуби животот пред три недели по компликации поради тешката несреќа што ја имал на должност.

Затоа, неговите колеги од американската полициска станица Амарило решиле да му дадат поддршка на 4-годишниот Џексон на денот кога навистина му бил потребен татко му. Го придружувале до училиштето, а потоа се наредиле во ходникот. Секој полицаец го прегрна храброто мало момче кое во тие моменти не можеше да ја сокрие насмевката на неговото лице.

„Би дал сè за Џастин да биде тука со својот син “, рече Даниел Смит, еден од полицајците што го придружуваа Џексон до училиште. Трогнатата мајка на малото дете Џесика им се заблагодари на сите за поддршката.

„Џастин би бил горд на своите браќа и сестри за поддршката што му ја даваат на неговото семејство“, рече младата вдовица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *