April 18, 2024

Бог ја одвои светлината од темнината и на жените им даде божествена моќ да ги одвојат добрите намери од лошите мисли кај мажите. Жената раѓа, жената создава со чувства и на овој свет никогаш не му требало повеќе од сега, тие вистински, божествени жени.

Жената сакајте ја или оставајте ја, но знајте дека и во двата случаи таа создава и раѓа . Никогаш не ги сожалувајте нејзините очи ако во нив го откриете страдањето на осаменоста.

Длабоко во себе ја кријат љубовта кон единствениот партнер . Таквите очи ги поврзуваат небото и земјата и отвораат тесна врата што води во рајот. Насмевнете им се со среќа од длабочината на очите. Почитувајте дека нејзините очи не можат да ги контролираат огнот и водата кога нејзиното тело ќе се навикне на меките прсти.

Во желбата да ја освоите, не заборавајте дека заведувањето е единствената уметност на љубовната игра која започнува со насмевки, а завршува со погледи, во која вие ја гледате само неа во нејзините очи, а таа се гледа себеси во вашите.

Целосно ќе ти се предаде само кога без да те погледне во твоите очи ќе види дека ја гледаш со затворени очи. И тогаш не двоумете се! Прегрнете ја толку силно што ќе ги скршите сите оние кукавици и безрбетници кои со годините ја изградиле нејзината сила и храброст. Биди човек со најсилна нежност .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *