July 18, 2024

Нема потреба да чекате понеделник за да си го промените животот… Или викенд за да одите некаде, да видите нешто…

Долго време шетав низ куќата во стара тренерка која предизвикуваше згрозеност кај сите што ќе ме видат во неа. Реков: „ Но, толку ми е удобна, сè уште може да служи!“ А потоа еден ден отидов во продавница и купив убава, нова тренерка која убаво ми стоеше, а сепак и таа беше удобна.

Долго време пиев кафе од обична сива шолја, една од многуте за кои не се ни сеќавам како се најдоа во мојата кујна.
„ Што е важно? Мислев секогаш кога ќе пијам кафе во неа.

И тогаш во еден момент посакав шарена, голема шолја која убаво ќе ми се вклопи во раце, секое утро. Барав на интернет и ја најдов совршената шолја за кафе. Веднаш ја нарачав.

Со години го купувам најевтиното кафе, сето тоа под слоганот: „ Нема многу разлика. И онака пијам по едно кафе на ден, дали е навистина важно дали е најевтино?“

И тогаш случајно го пробав поскапото и сфатив дека има разлика. Следниот ден купив италијанско кафе, во луксузно пакување. Си сварив топла течност и ја истурив во нова, убаво обоена чаша.

Живеев покрај човек кој не ме ценеше долго време. „ Сите мажи се исти и секоја врска би завршила исто за мене“, под таа парола молчев покрај него со години.

Тој беше човек кој ме прифаќаше како неопходно зло, ги поминуваше деновите со пријателите, забораваше да ми честита роденден,или да купи цвеќе и не се двоумеше да ме нарече „ будала “.

Бев лута, се расправав, често плачев и тогаш решив дека е доволно. Беше толку лесно да се направи вистинската работа. Се свртев и заминав. Едноставно!

Животот е навистина премногу краток за да го поминете во стара тренерка, држејќи грда шолја за кафе во раце додека седите покрај маж кој не ве забележува.
Ако утре ми дојде Судниот ден, барем ќе знам дека сменив некои основни работи. Направив нешто за себе. Решив да не ги губам деновите и почнав да живеам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *