June 23, 2024

Имам педесет и пет години, имам сопруг и две ќерки. Пред нешто повеќе од една година го добив првото внуче. Бев среќна, како и секоја мајка, што нејзината ќерка ја најде среќата покрај чесен човек и што создава семејство.

Кога се роди Владимир, сите мои пријатели ми честитаа со зборовите: „ Благословена си, ти си млада баба!“ Не разбрав за што се работи. Што е важно дали сум млада или стара? Јас не родив дете !!!

Меѓутоа, брзо видов што мислат тие жени. Проблемите настанаа кога ќерка ми сфати дека улогата на баба ми е секој викенд да се грижам за малиот Владимир . Без разлика што сум витална и што можам се и сешто да постигнам, бев навредена.

Дали сум должна секој викенд да се грижам за внукот?!? Ќерката се однесуваше како да е тоа сосема нормална работа. Во петок навечер, еве ја со детето и чантата, го остава бебето до недела.
„ Јас и Бобан треба да се одмориме“ , и велам низ муабет.

„ Не го сакаш, мајко“, си мислам налутено! Јас и мојот сопруг работиме со полно работно време од понеделник до петок и едвај чекаме викенд за да се одмориме. Но, бидејќи нашата ќерка се „навикна“ да ни го остава внукот, викендите ни се полоши од било кога. Бркање по детето; носење во паркот; згответе му нешто за јадење; па дали е какано, па дали е добар оброкот …. а јас сум старица од педесет и кусур години.

Секогаш се смеев на таа поговорка: „ Да можеа бабите да се грижат за деца, ќе раѓаа деца!“ Сега оваа реченица не е воопшто смешна!

После непроспиениот викенд, крајно исцрпена, со нетрпение го чекам понеделник со цврста одлука да и кажам некој збор на ќерка ми! Се изострувам да ѝ кажам сè, сè во смисла: „ Никој не те тераше да имаш дете, ако не можеш сама да се грижиш за тоа!“ или „Никој не ми помогна мене!“, но сепак одлучувам да и кажам во петок навечер:

“Слушај, јас секогаш ти помагам кога не можеш да се организираш или кога Владимир е болен. Но, да се грижам за детето додека одмараш – нема! Таткоти и јас треба да се одмориме! Доста!”

Веројатно можете да замислите што се случило потоа: децата секогаш остануваат деца. Сметаат дека родителите се должни да им служат додека се живи. Се налутила како тинејџерка и налутено истрчала од дома треснувајќи ја вратата!

Не е во ред што паднаа тешки зборови меѓу нас, но мојата глава е мирна … и моите нозе. Еве ме, денес доаѓам на работа. Убаво се одморив за викенд. Планирам да ја оставам ќерка ми да се „олади“ малку, па ќе ја поканам, а дотогаш уживам да бидам баба која има граници …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *