May 17, 2024

Пред спиење, помолете се на Господ, за да имате мирен сон.

Господи, не оставај ме. Господи, не воведувај ме во искушение. Господи, дај ми мисла добра. Господи, дај ми солзи и сеќавање на смртта и умиление. Господи, дај ми помисла за исповедање на гревовите мои. Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.

Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, всади го во мене коренот на добрината, и на стравот Твој во срцето мое. Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла, и во с¢ да ја творам волјата Твоја.

Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти, и од секое друго недолично нешто. Господи, знам дека чиниш како што благоволиш; нека биде волјата Твоја и во мене грешниот, зашто Си благословен навек.

Амин!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *