June 19, 2024

Таткото не се согласил со казната. Кој мислите дека е во право?

Една богата мајка дознала дека нејзиниот разгален син ги малтретирал и исмејувал сиромашните деца на училиште , па смислила соодветна казна за него. Сепак, таткото на момчето не се сложил со тоа, па таа се обратила на тимот на Редит со прашањето дали донела добра одлука.

„Јас сум доста добро ситуирана, таткото на син ми е многу богат, па алиментацијата ми дозволува да му купам се најдобро на мојот син. Месецов ме известија од училиштето дека син ми малтретира и исмева деца кои го немаат тоа што тој го има, оние чии родители ги носат на училиште со евтина кола или што не можат да си дозволат брендирана облека.

Бев згрозена и разговарав со него за тоа. Му дадов до знаење дека нема со што да се гордее затоа што нема работа, нема заштеди, нема инвестиции, нема лично богатство и дека едноставно имал среќа што се родил во добри околности и тоа е се“, напишала бесната мајка.

Таа потоа објасни дека прво го натерала да им се извини на тие деца, но додаде уште една казна.
„И јас решив оваа година да не му купувам брендирана облека. Нема да го возам на училиште со порше или јагуар, туку со стара кола. За сите активности што ги прави, нема да му купуваме нова опрема, туку под заем или ќе носи стари работи“, наброја мајката.

Синот, се разбира, веднаш се побунил тврдејќи дека другарите од училиште ќе му се смеат.
Иако татко му е претежно отсутен и не се меша во воспитувањето, тој дознал дека неговиот син се вози во стара кола и вежба во позајмена опрема.

Тој со таа казна не се согласувал бидејќи тврдел дека е битно каков впечаток ќе остави, дека оваа казна ќе го одбележи нашиот син до крајот на животот“, откри таа.

Повеќето луѓе застанаа на нејзината страна, а многумина и честитаа за тоа. Кој мислите дека е во право, мајка или татко? Споделете со нас во коментарите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *