May 17, 2024

Неговиот адвокат вели дека неговиот клиент соработувал со властите и се согласил да разговара со локалната полиција, но откако обвинението е подигнато на 12 мај, никој не можел да стапи во контакт со него.

24-годишен Јапонец , кому по грешка му биле исплатени 46,3 милиони јени (повеќе од 344 илјади евра), сите пари ги потрошил на коцкање на интернет.

Парите кои по грешка му биле исплатени се во рамките на програмата за помош за ублажување на последиците од Ковид, а биле наменети за 463 лица.

Иако првично изјави дека ќе соработува со надлежните за исправање на грешката вредна 357.000 долари, се чини дека побегнал. Градот Абу на југот на јапонската префектура Јамагучи поднесе тужба против него, јавува јавниот сервис.

Неговиот адвокат сега откри дека неговиот клиент ги прокоцкал сите пари на онлајн казино сајтовите.
Грешката се случи кога беа исплатени пари на 463 домаќинства со ниски приходи, од кои секое требаше да добие помош од 100.000 јени, или 770 долари, за да се ублажат финансиските тешкотии поради пандемијата.

Меѓутоа, на 8 април сите пари биле уплатени само на една банкарска сметка. Истрагата покажа дека оттогаш тој собирал по 600.000 јени секој ден, а кога властите ја откриле грешката и го контактирале, тој рекол дека нема повеќе пари.

Парите веќе ги потрошив. Не може да се врати. Нема да бегам, ќе си ја платам грешката – изјави Јапонецот.
Се чини дека се предомислил, бидејќи властите не можат да го најдат.

Неговиот адвокат вели дека неговиот клиент соработувал со властите и се согласил да разговара со локалната полиција, но откако е покренато обвинението на 12 мај, никој не можел да стапи во контакт со него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *