July 18, 2024

Вашата кожа ќе биде помека и помалку склона кон пукање..
Без разлика на сезоната или типот на обувките – кожата на стапалата е склона кон пукање и сушење. Честопати не им обрнуваме доволно внимание при секојдневната нега, што може да биде особено досадно пред летото и времето кога носиме отворени чевли.

За навистина да ја обновите кожата на овој дел од телото, треба редовно да се грижите за неа, а не одвреме-навреме и кога ќе се сетите.

За крем кој може ефикасно да ја регенерира кожата на стапалото, потребни ви се 3 состојки:кокосово масло (150гр),шеа путер (100гр)
масло од чајно дрво (10 капки).
Кокосовото масло и шеа путерот одамна се познати по нивните регенеративни својства, па затоа се широко користени во козметичката индустрија. Тие се особено богати со витамини А и Е, кои брзо се апсорбираат од кожата. Маслото од чајно дрво ќе додаде посебен пријатен мирис, но поради силните антивирусни и антибактериски својства, тоа е совршен додаток на кремите и маските за нозе.

Начин на подготовка:

Растопете го кокосовото масло на пониска температура, па додадете го шеа путерот. Намалете ја температурата, па добро соединете ја смесата.
Кога ќе добиете хомогена маса, оставете ја смесата да се излади. Потоа додадете 10 капки есенцијално масло, добро измешајте, па оставете во сад кој има капак.
Чувајте го кремот на ладно и темно место и погрижете се редовно да ги триете стапалата. Се препорачува, кога ќе ја нанесете кремата, да облечете чорапи и да си легнете. Освен што не ја подмачкува постелнината, кожата подобро ќе ги апсорбира хранливите материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *