February 26, 2024

3 хороскопски знаци кои живеат најдолго: Знаат да се држат настрана од стресот и да уживаат во животот
Астрологијата вели дека ѕвездите при раѓањето ни го одредувале карактерот, но и судбината според хороскопскиот знак и колку ќе уживаме во овој земен живот. А ако се земе предвид старата поговорка дека нашиот карактер е судбина, тогаш сето тоа добива уште поголемо значење.

Оние кои се занимаваат со ѕвезди и планети велат дека од сите знаци на Зодијакот, претставниците на овие три живеат најдолго.

Девица-Има многу да се научи од Девицата. Нејзиниот стерилен и рационален пристап кон животот секогаш се исплати на долг рок. Изгледа дека нема чувства, практична е и малку скржава; таа е секогаш на нозе во секој проблем. Токму поради нејзиниот ум, таа има силен механизам да се одбрани од сите неволји и непријатности што ќе ја снајдат и не дозволува животот да си прави распоред, туку сама го прави. Поради нејзините аналитички способности, таа секогаш е два чекори понапред од другите и е подготвена за предизвици.

Скорпија-Скорпијата секогаш се потпира само на себе. Поради изразената интуиција таа го открива и решава проблемот уште пред да се појави. Тоа ѝ дава само привидна смиреност бидејќи во неа има вулкан од чувства. Никогаш не губи енергија на површни работи и тоа и дава предност во однос на другите знаци на Зодијакот. Животот за неа е авантура! Секако еден од знаците дека знае да го живее животот.

Стрелец-Стрелецот е вечен оптимист. На животот му пристапува од филозофска гледна точка. Стрелецот никогаш не се задржува на мали нешта. Најголемиот проблем го прифаќа со насмевка и никогаш нема да дозволи животот да го „мачи“. Тој е непостојан и секогаш мисли дека тревата некаде е зелена и тоа е принципот кој секогаш го турка напред. Понекогаш знае на некој начин да биде површен, да прелета преку проблеми. Токму тоа треба да го научиме од него – да не трошиме премногу енергија, бидејќи животот дефинитивно ќе си оди по својот тек, без разлика дали сме направиле нешто или не!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *