February 23, 2024

Животната приказна на оваа 39-годишна жена често ја нарекуваат модерна бајка, со оглед на тоа што пораснала во голема беда и сиромаштија, во тешки животни околности, така што во тинејџерските години нејзиниот живот од корен се променил.

Наталија Водјанова го поминала детството работејќи на пазар, а таму ја забележал моден агент, кој ја вовел во светот на модата и со текот на годините и овозможил удобен живот за кој тогаш можела само да сонува.

Наталија се нашла во Париз кога имала само 17 години. За кратко време стана една од најбараните и најплатените модели. Милиони договори, насловни страници за „Вог“ и други магазини, таа беше заштитно лице на светските брендови како „Гучи“, „Прада“, „Шанел“, „Версаче“, „Хуго Бос“ …

Наталија беше трета најуспешна манекенка во светот и на само 20 години успеа да заработи 20 милиони долари.Тогаш го доби прекарот Супернова.

Кога стана една од најплатените манекенки во светот, влезе во светот на богатите и аристократите, меѓу кои го запозна и својот прв сопруг Џастин Портман, со кој има три деца.Нивниот брак траеше девет години, а Џастин откри во подоцнежно интервју како после раскинувањето морал да побара стручна помош поради нервниот слом што го доживеал поради раскинувањето со убавицата.

“Се чувствував како истрошена чанта од Луј Витон. Таа се однесуваше со мене како да и е срам. Кога разводот заврши, отидов на рехабилитација за сè. Подоцна, кога разговаравме, таа ми рече дека воопшто не и недостасувам „Не и паѓа на памет повторно да биде семејство“, изјави Џастин за медиумите по разводот.

Наталија продолжила понатаму и набргу по разводот повторно ја нашла љубовната среќа. Таа се заљуби во милијардерот Антоан Арно, а врската ја крунисаа со брак во 2020 година. Двајцата имаат два сина – Максим и Роман.

Повеќе од модел. Покрај успешната манекенска кариера, Наталија се занимава и со хуманитарна работа, но и се бори за заштита на правата на децата со аутизам. Таа има и модни агенции кои ги извлекуваат девојките од сиромашните области, давајќи им можност да стигнат до писти на познати дизајнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *