April 18, 2024

Една од најубавите жени на светот откри зошто повеќе не консумира алкохол ниту во минимални количини.

Меган Фокс без сомнение е една од најубавите и најзгодните жени. Но, таа е позната и по своите многу ригорозни правила на исхрана, кои ги следи веќе некое време. Таа не консумира преработена храна, ниту богата со јаглехидрати, а како што тврди не отстапува од строгите правила. На нејзиното дневно мени се е органско.

Нејзиното мени го копираат многу припаднички на понежниот пол, а Меган целосно го исфрлила алкохолот. Причината за оваа радикална одлука датира од пред 13 години, кога на црвениот тепих на доделувањето на Златните глобуси во 2009 година кажа многу работи кои не требаше.

Таа откри дека не знае колку алкохол испила во тој момент и дека не се ни сеќава за што зборува, но и дека таквото однесување било едноставно недозволиво и непримерно во тоа време и место. Многумина мислеа дека тоа е само моментална одлука, но актерката остана доследна на одлуката.

„ Секогаш сум целосно трезна. Не пијам ни чаша вино. Никогаш не пушам ниту пијам кафе. Јас сум супер строга во исхраната и никогаш не отстапувам!“ – рекла Меган и додала дека не пиела чашка алкохол повеќе од една деценија, пренесува „Мондо“.

Таа сфати што ни прави алкохолот.

„Кога бев во Костарика, слушнав како некој ја опишува целта на алкохолот со: користете алкохол за да ја извлечете суштината на растението. Си помислив: „Токму така се чувствувам за алкохолот. Тој ја извлекува мојата суштина“. Затоа повеќе не го консумирам“, објасни Меган.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *