February 23, 2024

Детето, се разбира, изгледа како таткото и мајката затоа што ја носи ДНК на двајцата родители, по 50 проценти. Сепак, факт е дека некои карактеристики детето може да ги наследи само од мајката. Татковците немаат никакво влијание на ова:

Интелигенција Големото истражување на Универзитетот во Глазгов во Шкотска, кое испитувало повеќе од 12.600 млади луѓе на возраст меѓу 14 и 22 години, идентификувало фактори кои влијаат на интелигенцијата, вклучително и социо-економскиот статус и образованието.

Најголемо влијание имала мајката. Нивниот коефициент на интелигенција варирал само за 15 поени во просек во однос на нивната мајка. Американските научници во своето истражување потврдија дека жените имаат поголема веројатност да пренесуваат гени кои ја обликуваат интелигенцијата на децата, бидејќи тие се пренесуваат на Х-хромозомите, кои жените ги имаат два, а мажите еден.

Склоност кон дебелеење Дали детето ќе биде дебело зависи исклучиво од мајката, бидејќи децата го наследуваат нејзиниот метаболизам – ако е дебела, поголеми се шансите децата да бидат дебели.

Стареење Начинот на кој старееме зависи и од гените на мајката. Научниците од германскиот институт Макс Планк открија дека ДНК од митохондриите, кои ги наследуваме исклучиво од мајката, може делумно да го контролира стареењето.

Но, истражувањето било спроведено на глувци, а не на луѓе, па научниците истакнале дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди оваа теза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *