June 16, 2024

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека имало луѓе кои крвареа за Талат Џафери да стане претседател на Собранието, и потоа се чувствуваш изманипулирано од своите соборци кои ја приватизираа партијата.

„Залогот беше многу голем, затоа денеска повеќе од пола држава ви е разочарана од таквиот однос, и на следните избори претпоставувам граѓаните ќе си го кажат своето“, вели Димитриевски.

Димитриевски вели дека „Францускиот предлог“ го тангирал македонскиот народ, а за него не гласал македонското мнозинство.

„Се поставува прашањето кои се тоа и каде се Македонците во државата и како тоа некој смее да се осмели и да оди против волјата на граѓаните. Тоа што поедини политички субјекти го користеа во тој момент за подигање политички рејтинзи, за создавање на протести“, вели Димитриевски.

Димитриевски рече доколку во протестите не се замешаа политичките партии, тие би биле помасовни и поуспешни.
Исто така тој изјави дека очекува на следните избори да ја стекне довербата на граѓаните и да формира Влада.

„Повеќе од сигурен сум како што тоа го тврдев во истово ова студио овде кога бев кандидат за градоначалник движењето дали ќе се вика „За наша Македонија“, граѓанско движење како и да е, на следните парламентарни избори ќе ја стекне довербата на граѓаните и ќе формира влада, во соработка и ние ќе бидеме носителот на следната власт“, рече Димитриевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *