May 17, 2024

Свадбата треба да биде ден полн со радост и љубов, а говорите на кумовите , пријателите и секако младенците можат да ја направат особено убава.

Меѓутоа, еден младоженец го искористи тој момент за да им соопшти на сите дека сопругата не му е верна, но ниту неговите пријатели.

Еден од гостите кои биле сведоци на непријатниот говор, Шон, во емисијата Грам Нортон раскажа како сето тоа изгледало. Церемонијата помина без никакви проблеми, а кога започна прославата, сите почнаа да одржуваат кратки говори.

Дојде редот на младоженецот да каже: „Ќе играме една игра“. На сите гости им порача да станат, да ги свртат чиниите пред него и да ја најдат црвената налепница. Оној што не ја нашол морал да седне, па останале само мажите – осум од нив.

Младоженецот потоа им рекол на сите да внимаваат на мажите кои останале да стојат и гласно рекол: „Сите спиеле со жена ми откако јас и таа се свршивме – сега си одам и ќе побарам поништување на овој брак“.

Ги зел работите и без да каже збор ја напуштил собата, оставајќи ги гостите во целосен шок. Не е познато како реагирала невестата, ниту што се случило потоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *